Честитка од претседателот Иванов за Националниот ден на Власите
Претседателот Ѓорге Иванов, по повод 23 Мај - Националниот ден на Власите, упати честитка до припадниците на Влашката заедница во Република Македонија.
- Во годината кога треба да прославуваме четврт век од независноста на Република Македонија, нашата заедничка татковина минува низ сериозни предизвици. Но, има едно нешто што ни дава храброст и истрајност на нашиот пат, а тоа е македонската традиција на соживот, почитување и прифаќање на различноста. Тоа е увереноста дека Македонија е татковина на сите нејзини граѓани, независно од етничката, верската, јазичната или која било друга припадност. Влашкиот народ е нераскинлив дел од минатото, сегашноста и иднината на Македонија.
Прославувајќи го денот кога, пред повеќе од еден век Власите биле признаени како посебен народ, со право да се образуваат, да публикуваат и да богослужат на својот мајчин Влашки јазик, ние денес го празнуваме соживотот и заедништвото. Почитувајќи го етничкиот, културниот и јазичниот идентитет на Власите, ние го почитуваме достоинството на нашите сограѓани. Како лојални и посветени граѓани кои се успешни на сите општествени полиња, Власите активно придонесуваат кон градењето на заедничкиот дом, што го наследивме од предците и што ќе го оставиме на нашите потомци. Како и досега, така и во иднина, лично ќе се залагам за понатамошно негување и ширење на влашката традиција и култура во земјава. Нека е за многу години празникот, се наведува во честитката од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови