Честитка од претседателот Иванов по повод Божик
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар.
- Ми претставува особено задоволство во овие празнични денови, на сите верници на Католичката црква во Република Македонија, да Ви го честитам големиот празник на Христовото раѓање – Божик. Божик е празник кој го слави раѓањето на синот Божји. На овој празник ја славиме љубовта, надежта и животот. Ова е период од годината кога повторно се навраќаме на основните човекови вредности, кон потребата да бидеме солидарни, хумани и човечни, да му помогнеме на оној кому му е потребна нашата помош. На крајот на оваа година и на почетокот на Новата година да си посакаме мир во нашите срца, да ги надвладееме суетите и искушенијата од секојдневието и во духот на христијанството и на вековните традиции да си простиме и подадеме рака. На сите македонски граѓани, кои го прославуваат Рождеството Христово според Грегоријанскиот календар, им посакувам радост и среќа во текот на целата година со традиционалниот христијански поздрав – Христос се роди, се вели во честитката од претседателот Иванов.
Ново на Сител
-
Акција на МВР: Околу 50 осомничени за злоупотреби во ПИОМ
-
Неопходни се реформи во правосудството
-
Меџити: И со ДУИ и во Влада не оди
-
Необичен хуман гест- донација од 200 литри магарешко млеко за опоравување на повредените во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура