Честитка од претседателот Иванов по повод 11 Октомври
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание во која на сите граѓани им го честита овој значаен ден за македонската државност.
- Одбележувајќи го овој значаен датум од македонската понова историја им оддаваме почит на сите учесници во Народноослободителната борба која го симболизира македонскиот непокор и вековитиот стремеж за слобода. Во Прилеп и Куманово започна борбата на нашите дедовци и татковци, продолжувачи на делото на славните илинденци, кои со своите дела ни оставија обврска и аманет за зачувување на независноста и самостојноста на Република Македонија натопена во крвта на паднатите херои, вели претседателот Иванов.
Затоа, додава Иванов, ќе истраеме сплотени и обединети, бранејќи ги највисоките македонски интереси пред кои сме соочени денес. Предизвиците ќе ги совладаме како и во минатото, еден до друг, сите етнички заедници во земјава, Македонци и Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Власи и Роми.
- Нашата традиција за соживот е нашето најдобро оружје во борбата за успешна и просперитетна држава. Затоа ве повикувам сите заедно, сплотени, да ја градиме Република Македонија како дел од големото европско и светско цивилизациско семејство на кое природно припаѓаме и каде ја гледаме нашата иднина, истакнува претседателот Иванов во честитката по повод 11 Октомври.
Ново на Сител
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола