Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, утрово упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху.
-Од сè срце Ви посакувам празничните денови да ги поминете во хармонија и благосостојба, исполнети со радост и среќа, споделувајќи љубов и внимание со најблиските. Годинава во светиот месец Рамазан, во месецот на пост, молитва и простување, ни се случи незапаметена трагедија којашто нè потресе како заедница и како индивидуи. Нашите мисли се со семејствата на настраданите и со повредените. Без разлика на верска, етничка или каква било припадност, сите се солидаризираме и заедно тагуваме, истакнува во честитката Сиљановска-Давкова.
Претседателката посочува дека живееме во свет којшто е разбрануван од бурни геополитички поместувања, а ние, како што вели „сме кревки и ранливи во многу општествени сегменти“.
-Пред нас се бројни предизвици и непредвидливи собитија. Да бидеме сплотени и обединети како заедница, како општество и како држава. Заедно можеме да ги надминеме и пребродиме сите тешкотии и проблеми. Со чиста мисла и со отворено срце за сите наши сограѓани, да ја направиме татковината просперитетна и достоинствена земја на среќни граѓани, наведува во честитката претседателката Сиљановска-Давкова.
Ново на Сител
-
Украинци: На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца
-
Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
-
Албанија - црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште
-
Реакција на Клиничката болница „Аџибадем Систина“
-
18-годишник удрил со мопед во малолетно девојче при што се здобила со тешки телесни повреди
-
Кривична против двајца малолетници, физички нападнале друг малолетник
-
Кривична за 35-годишен скопјанец кој физички нападнал друго лице во Психијатриска болница Скопје
-
Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен