Честитка од премиерот Димитриев по повод Велигден
Претседателот на Владата Емил Димитриев денеска по повод Велигден испрати честитка до граѓаните на Република Македонија со христијанска вероисповед, Македонската православна црква - Охридска архиепископија, Католичката црква и Евангелистичко - методистичката црква.
- Со особена радост и задоволство, на овој голем ден, сакам во свое лично име и во име на Владата на Република Македонија, на сите верници со христијанска вероисповед да Ви го честитам најголемиот христијански празник - Велигден. Велигден е од исклучителна важност за христијанството, зашто ова е денот кој им дава надеж на сите верници дека постои пример и водилка во нивните животи, дека сечие тежнеење кон подобро и богоугодно однесување не е бесцелно, туку посакувано и ценето од нашиот Бог, стои во честитката.
Како што наведува Димитриев, Велигден е еден од најзначајните симболи на нашата вера, симбол на воскресението, симбол на победата над смртта, на победата на доброто врз злото, и на победата на доброто човеково поведение.
- Преку воскреснувањето Исус докажал дека е Синот Божји и дека целото негово учење е вистинито. Воскресението пред кое се поклонуваме на Велигден постојано и постојано не потсетува дека има надеж и за човековата душа, дека Бог е со нас и во добро и во лошо, и дека секогаш треба да ги следиме вредностите, додава премиерот.
Порачува во овие убави празнични денови да се помолиме и заблагодариме на таквото соединение со Бога. - Да се поклониме на неговата милост и да продолжиме да ги следиме неговите пораки. Во спокој да ги исполниме црковните храмови и со радост да ја примиме убавата вест од црковните камбани. Да го прославиме заедно Христовото воскресение и да се помолиме Бог да биде со нас и во иднина. Да се помолиме за здравје и среќа во нашите домови, љубов и бериќет во нашите семејства, мир и спокој во нашата земја. Да се помолиме и да работиме за развој на нашата Татковина, подобар стандард за граѓаните и повеќе можности за успех за секој еден поединец, пишува во честитката.
Нека Бог ја зацврсти нашата заедница, нека ни помогне да преземаме мудри чекори и да ги надминеме сите предизвици со кои како држава се соочуваме. Нека Бог не поткрепи и ни донесе нови радости, напредок и само напредок во Република Македонија, наведува премиерот Емил Димитриев.
Ново на Сител
-
Додека Украина го разгледува нацрт-договорот за ретки минерали, Москва преговара со Вашингтон за руските рудните ресурси
-
Најмногу врнежи во Виница
-
Ѓоковиќ загуби од 19-годишниот Меншик во финалето на турнирот во Мајами
-
Надворешно-политичките, безбедносните, одбранбените и економските предизвици на ЕУ главни теми на овонеделната сесијата на ЕП
-
Во Лондон дводневен Самит за борба против шверцот на мигранти
-
Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја
-
Променливо облачно, попладне наместа со пороен дожд
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров