Македонија
8. September 2018 - 13:20

Честитка од Партијата за движење на Турците по повод Денот на независноста

Пред дваесет и седум години ѓраганите со голем ентузијазам, храброст и одлучност гласаа за независна и суверена Република Македонија. Денес, на овој значаен ден, нашата Македонија се наоѓа на чекор до ширум отворените порти на НАТО и ЕУ. Сонот кој го живееме повеќе од четврт век е на дофат.

Граѓаните кои пред дваесет и седум години положија еден огромен демократски и патриотски тест спремни се истото да го сторат и на 30-ти септември. Ние, Турската заедница во Македонија и во 1991-та, а и сега максимално се залагаме за остварување на државните и националните интереси.

Евроатлантската интеграција не само што ќе значи заокружување на главната стратешка цел, туку ќе значи мир, економска, културна благосостојба за сите граѓани, а со тоа и исполнување на аманетот на претходните генерации.

Да живее европска Македонија!