Честитка од Митрески за Рамазан Бајрам
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, упати честитка до поглаварот на ИВЗ и до граѓаните од исламска вероисповед по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, посакувајќи им денешниот ден да го поминат во среќа, благосостојба и во хармонија со своите најблиски.
-Верувам дека, по еден месец пост, сите Ваши желби ќе бидат слушнати, а меѓусебната почит, разбирањето, толеранцијата и хуманоста, кои треба да бидат одраз на секој човек, ќе помогнат тие да се исполнат. Верските празници го воздигнуваат човекољубието, така што изминатиов месец покажавме дека не е важно на која религија припаѓаме, туку е важна меѓусебната почит и разбирање, кои нѐ прават сите нас подобри и духовно побогати, наведува Митрески во честитката.
Тој нагласува дека во тоа се и убавините на ифтарските вечери, на кои, како што вели, го покажавме меѓусебното разбирање и толеранција, но и споделивме заеднички моменти, кои секогаш ќе останат во нашите срца.
-Почитуван Фетаи, Вам ви посакувам добро здравје и волја и мудрост во својата мисија да бидете водач на верниците и да бидете нивна поддршка во сите искушенија со кои се соочуваат. Заедно да ги воздигнуваме вредностите што обединуваат. Празникот Рамазан Бајрам нека донесе мир во срцата, спокој во душите, радост и слога во домовите! Честит Рамазан Бaјрам, нагласува Митрески во честитката до Реисул Улема на Исламската верска заедница Шаќир Еф. Фетаи и до граѓаните од исламска вероисповед.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга