Честитка од министерот Јолевски по повод Денот на независноста на РМ
Министерот за одбрана Зоран Јолевски на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на независноста – 8 Септември.
- Пред 24 години граѓаните на Република Македонија рекоа да за суверена и независна Република Македонија. Да за живеењето во мир, демократија, слобода и еднаквост, посочува министерот Јолевски во честитката.
На денешен ден, додава тој, граѓаните одлучија да ја земат судбината во свои раце и по повеќевековниот сон да започнат самостојно да ја градат Македонија во просперитетна и развиена европска држава.
- Овој голем државен празник, е и празник на сите припадници на Армијата на Република Македонија кои секојдневно даваат дел од себе за Македонија да продолжи да живее независна и суверена. Затоа, 8. Септември е и нашиот пиедестал, нашата гордост, се наведува во честитката од министерот за одбрана Јолевски по повод Денот на независноста на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа