Македонија
8. September 2015 - 10:45

Честитка од министерот Јолевски по повод Денот на независноста на РМ

Министерот за одбрана Зоран Јолевски на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на независноста – 8 Септември.

- Пред 24 години граѓаните на Република Македонија рекоа да за суверена и независна Република Македонија. Да за живеењето во мир, демократија, слобода и еднаквост, посочува министерот Јолевски во честитката.

На денешен ден, додава тој, граѓаните одлучија да ја земат судбината во свои раце и по повеќевековниот сон да започнат самостојно да ја градат Македонија во просперитетна и развиена европска држава.

- Овој голем државен празник, е и празник на сите припадници на Армијата на Република Македонија кои секојдневно даваат дел од себе за Македонија да продолжи да живее независна и суверена. Затоа, 8. Септември е и нашиот пиедестал, нашата гордост, се наведува во честитката од министерот за одбрана Јолевски по повод Денот на независноста на Република Македонија.