Честитка од Мицкоски повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците
Почитувани припадници на Бошњачката етничка заедница, во мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ, Ви упатувам искрени честитки по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците.
Со празнувањето на овој ден и со афирмирање на културата на богатата бошњачка традиција го почитуваме и правото на самоопределување кој е столбот врз кој се темели и нашата татковина.
Меѓусебното разбирање, почитување и толеранција се вредности врз кои мораме да ја темелиме државата и општеството, бидејќи сплотени и во заедништво можеме успешно да се справиме со сите предизвици и премрежија кои што се случуваат во државата и да создадеме подобра иднина за сите граѓани.
За жал денес речиси сите граѓаните секојдневието го поминуваат во сиромаштија и криза, со прашање како ќе го преживеат месецот и дали ќе можат да ги прехранат своите семејства поради економската и енергетската криза кои власта ги создаде како резултат на неспособност, негрижа и неработење.
Но, јас сум длабоко уверен дека промените многу набрзо ќе се случат и овој лош амбиент кој го чувствуваат сите заедници ќе заврши.
Преку работа и сплотеност ќе создадеме подобра перспектива и активно ќе работиме за подобрување на условите за живот на сите граѓани.
Клучот за успех на Македонија е во развојот и напредокот и мораме заеднички да ја оствариме нашата мисија за посреќни граѓани и просперитетна држава.
Нека Ви е честити Меѓународниот ден на Бошњаците.
Со почит,
Проф. д-р Христијан Мицкоски,
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп