Честитка од Мицкоски по повод католички Божик
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод денот на Христовото раѓање Божик упати честитка до припадниците на католичката вероисповед и до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во државава Киро Стојанов.
– Ви посакувам на овој најголем христијански празник многу спокој, љубов, здравје и среќа во вашите семејства. На овој ден, нека не обедини Христово учење за хуманост, меѓусебна почит и пожртвуваност, нека не обединат традиционалните вредности кон кои се стремиме како општество, наведува Мицкоски во честитката.
Нашата заедничка татковина Република Македонија, дополнува Мицкоски, ги живее можеби најтешките моменти во својата историја како независна држава, но надежта не смее да згасне во нашите срца.
– Дојде време кога треба да размислуваме што ние како поединци можеме да направиме за татковината, за да се оствари нашиот заеднички стремеж за просперитетна и успешна Република Македонија во која не само ние туку и нашите, деца внуци, правнуци ќе ги поминат своите животи. Ни престојува година во која граѓаните на Република Македонија треба да донесат сериозна одлука за тоа во каква држава сакаат да живеат, во оваа година ѕвезда водилка нека е основното христијанско учење, потрагата по праведноста и вистината. Ние веруваме во принципи, правда, промени, и со силна верба за успех и нова шанса за Македонија. Нека е вековит и честит овој голем христијански празник Рожденство Христово, Божик. Христос се роди, Навистина се роди!, стои во честитката од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва дискутира за предлог-кандидатите за градоначалници за локалните избори
-
Мицкоски: Македонија во силно сојузништво со Обединетото Кралство, промените се случуваат
-
Платини го брани Мбапе: Не го терајте да игра како Меси
-
Започнува продажбата на билети за Македонија - Белгија
-
Јунајтед исвиркан во Куала Лумпур, Аморим вели тоа може да биде корисно
-
Николоски по ратификацијата на договорот: Ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење
-
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху да не го напаѓа Иран
-
Малолетник приведен за пет тешки кражби