Честитка од Иванов по повод еврејската Нова година Рош Хашана
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод еврејската Нова година - Рош Хашана упати честитка до припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија и до нејзниот претседател Берта Романо-Николиќ.
- По повод големиот празник Ви посакувам претстојните празнични денови да ги прославите во духот на повеќевековната традиција, во семеен мир и добросостојба. Рош Хашана е празник на кој припадниците на Еврејската заедница се присетуваат на сите добри и лоши дела во текот на изминатата година. Затоа и деновите што следат се поврзуваат со длабока етичка и морална одговорност. Обичаите кои се карактеристични за овој празник се поврзани со блиските и со семејството, со прошката и поддршката, но и со хуманите вредности кои се наша заложба. Желбата за создавање подобар живот и животни вредности е тоа што нè сплотува во учењето едни од други. Негувајќи ги традициите создаваме позитивни вредности за идните генерации, пишува претседателот Иванов во честитката по повод Рош Хашана.
Ново на Сител
-
Фетаи и Алиу со ново крило во ВРЕДИ
-
ВМРО-ДПМНЕ го одби повикот на Филипче за лидерска средба
-
Креативна дипломатија во Виена!?
-
И покрај зголемените казни, пиротехника користена во спортска сала
-
ЕУ со хуманитарна трка за Кочани
-
Да не бидеме пасивни набљудувачи на врсничкото насилство
-
СДСМ обвинува за спорни тендери во МВР
-
ВМРО-ДПМНЕ: Најголемите криминали во здравството во времето на Филипче