Македонија
31. March 2018 - 10:45

Честитка од Џафери по повод католички Велигден

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери испрати честитка до бискупот скопски и апостолски ехзарх монс. Киро Стојанов и верниците од католичка вероисповед во РМ по повод христијанскиот празник Воскресение христово - Велигден.

- Верските празници и нивното празнување нè потсетуваат и нè враќаат на патот кон вистинските животни стремежи, а тие се почитта, чесноста и вербата. Овој ден нека нè потсети и на заедничката цел за подобар живот и иднина како за нас, така и за генерациите кои доаѓаат, без разлика на етничка или религиска определба, стои во честитката.

Во неа тој  се заблагодарува за придонесот на Католичката црква и католичката заедница во Република Македонија.

На верниците од каточка вероисповед и бискупот им посакува празнични денови исполнети со мир, многу здравје, радост и среќа во секој дом и кај секое семејство.