Македонија
7. January 2022 - 12:51

Честитка од Демократскиот сојуз по повод Божиќ

 Демократскиот сојуз на сите православни верници и граѓани им го честита денот на Христовото раѓање, посакувајќи им добро здравје, сплотеност и мир.

-Овој ден нека ги поттикне сите на заедништво, меѓусебно почитување и разбирање, како и на афирмирање на човековите вредности и доблести. Само ако сме праведни, заедно и со дефинирани цели, можеме да се движиме напред и да постигнеме резултати, наведува партијата.

Додава и дека нема ништо повредно од добриот збор, чесноста и праведноста.

-Христос се роди!, пишува Демократскиот сојуз во честитката.