Македонија
11. September 2015 - 12:22

Честитка од Божиновска до игуменот на манастирот „Свети Јован Бигорски“

Претседателката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска упати честитка до игуменот на манастирот „Свети Јован Бигорски“, архимандрит Партениј, по повод 20-годишниот јубилеј од возобновувањето на монаштвото.

- Македонското духовно светилиште - манастирот „Свети Јован Бигорски“ благодарение на Вашето игуменување заедно со монашкото братство и со постојаната помош на верниците, успеа да ја поврати духовноста во овој свет храм и да стави свој печат на возобновеното монаштво како чувар и закрилник на Македонската православна црква - Охридската Архиепископија. Јубилејот претставува голема радост, не само за Вас и за братството, туку и за сите нас и за илјадниците верници кои секојдневно го посетуваат манастирот давајќи придонес кон збогатувањето на духовниот живот и продолжувањето на вековната традиција, вели Божиновска во честитката.

Посакувајќи им успешна работа Божиновска им го честита големиот православниот празник Светиот Јован Крстител, кој од многумина е почитуван како вистински Спасител и најголем пророк.