Македонија
2. April 2024 - 10:07

„Чест и Сила“ - Прва Пешадиска Бригада, најмоќна воена формација во Армијата

Првата Пешадиска бригада, ударната тупаница на армијата истовремено во себе ги чува традиции и аманетите на нашите борци од минатото и е најбројна и најмоќна воена формација. На плеќите на припадниците на првата пешадиска бригада е и примарната одговорност да застане на браникот на татковината кога се загрозени националните интереси, суверенитетот и интегритетот на државата. Бригаден Генерал Сашко Лафчиски вели, како дел од пpвата пешадиска Бригада освен обврските кон граѓаните и државата денес, имаме и обврска и морална одговорност да ги чуваме традициите и аманетите на славните илинденци и борците од народно-ослободителната борба. Затоа првата пешадиска бригада во секој момент треба и мора да биде најдобра

Првата Пешадиска Бригада е структурно поделена, каде сите заедно го формираат мозаикот на Бригада спремна да ги исполни највисоките НАТО стандарди. Токму вториот пешадиски баталјон, дел од Првата пешадиска бригада ја исполни најважната НАТО цел на способност. За Бригадниот Генерал Лафчиски ова е само почеток. Првата Пешадиска Бригада продолжува со модернизацијата, трансформацијата и подготовките за исполнување и извршување и на други мисии и стандарди.

Мотивирани, професионални, храбри, луѓе со јасни и недвосмислени морални принципи и патриотско чувство само такви може да бидат дел од првата пешадиска бригада. Само такви припадници ќе одговорат на сите поставени цели. Поддршката од стратешките партнери е дополнителен мотив да се зачува интегритетот кој оваа бригада го има. Всушност големиот број признанија најдобро покажуваа дека Бригадата оди во вистински правец

Припадниците на Првата Пешадиска бригада и во услови на природни катастрофи и непогоди, Без разлика дали е пожар, поплава, лавини стојат во служба на граѓаните и државата

Чување на традицијата и продолжување на аманетот не е само празна флоскула туку фактичка состојба во Првата Пешадиска Бригада. Бригадата е продолжување на македонско младинската народноослободителна ударна бригада и Кичевско – Мавровскиот партизански одреди, кои учествувале во ослободување на повеќе градови во Македонија

Со формирањето на Армија ќе започне и структурното организирање. Ќе започнат како две бригади, 11 и 13 пешадиска бригада, а низ годините ќе претрпат повеќе преструктуирања и промени.  Прва Пешадиска Бригада носеше  различни имиња , имаше различна структура но исти идеали – заштита и поддршка на националните интереси.  Свој печат во остварување на истото оставија сите припадници од самото основање до денес.

Историскиот развој на оваа бригада е нераскинливо поврзан со развојот на Армијата на Македонија, а допринесот кој оваа бригада го даде во себе опфаќа многу знајчни и незнајни јунаци. Историјата на првата пешадиска бригада опфаќа многу настани, личности, предмети а за да се истакне нивната важност е направена и спомен соба во рамките на скопскиот гарнизон Страшо Пинџур во касарната Петровец. Место кое на  сегашните но и идните припадиници треба да им покаже и предочи дека мотото ЧЕСТ И СИЛА не е фраза преземена од латинскиот јазик, туку начин на живот.

Правата пешадиска бригада во себе ја опфаќа и симболизира македонската борбеност, пркос и решителност. Чувањето на традициите и аманетот на нашите предци Е и секогаш мора да биде во фокусот на оваа бригада, продолжувајќи го напредокот и развојот. ЧЕСТ И СИЛА е теркот по кој сето тоа е возможно, затоа што тие две работи секогаш одат заедно. Честит роденден на ПРВАТА ПЕШАДИСКА БРИГАДА најбројанта воена формација на Армијата на Македонија

Кирил Стојанов