Свет
10. January 2018 - 9:09

Чешкиот Парламент ќе гласа за доверба на Владата

 Чешкиот Парламент се очекува денеска да изгласа недоверба на Владата на премиерот Андреј Бабиш, по обвинувањата дека пред десет години на нелегален начин користел субвенции од ЕУ.

Доколку неговата малцинска Влада, чиј мандат започна минатиот месец, загуби на гласањето, тогаш ќе остане на власт се до формирање на новата влада.

Претседателот на Чешка, Милош Земан вети дека ќе му даде на Бабиш втора шанса, меѓутоа, останатите партии одбија да го поддржат актуелниот премиер поради обвинувањата против него. Бабиш ги демантираше таквите обвинувања.

Доколку биде изгласана недоверба на Владата, ќе следуваат неколку недели или месеци политички преговори, што на противниците на Бабиш ќе им остави повеќе време да најдат начин и да го сменат од премиерската функција.

- Веројатно ќе биде изгласана недоверба на Владата, истака Бабиш за еден чешки весник, додавајќи дека тој се надева на преговори.