Чешката Влада одобри нов Закон за заштита на државните граници
Во случај на вонредна закана, контролирањето на границите на Чешка може да ја нареди Министерството за внатрешни работи, во траење од само пет дена, а за продолжувањето како досега ќе одлучува Владата. Тоа се предвидува во новиот Закон за заштита на државните граници, кој синоќа го одобри Кабинетот на премиерот Бохуслав Соботка, а кој ќе биде разгледуван и од Парламентот.
Контролите на државната граница ќе се воведуваат доколку постои сериозен ризик од нарушување на редот или внатрешната безбедност на земјата и ќе можат да се преземат на избраните локации или по целата должина на границата, како пред влегувањето на земјата во Шенген зоната.
За прекинувањето одлучува Владата, која според Законот исто така може да го утврди обемот, начинот и интензитетот на контролите.
Законот ги уредува и условите за добивање статус на меѓународен аеродром или обврските со функционирањето на аеродромите, каде треба да се обезбеди одделување на патниците на внатрешните и надворешните летови.
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш