Чешка и Словачка заеднички ќе го чуваат нивниот воздушен простор
Чешка и Словачка планираат склучување договор за соработка во областа на заштитата на воздушниот простор над двете земјиа, објавија локалните медиуми.
Според информациите, јави дописникот на МИА од Прага, пилоти од едната земја би можеле да соборат цивилен авион и над територијата на другата држава, доколку е киднапиран или искористен за терористички напад, како и да придружуваат воздухоплов, кој не контактира, а е во соседната држава,
Досега Чешка нема постигнато сличен договор со ниту една друга земја.
Чешка со соседна Словачка има склучено договор за соработка во рамките на Интегрираниот систем на НАТО за противвоздушна и ракетна одбрана (НАТИНАМДС), кој е единствен систем во кој земјите членки на Северноатлантската алијанса соработуваат под единствена команда за воздушна одбрана.
Чешко-словачкиот договор кој се подготвува би ја проширил соработката и на деловите кои не се опфатени со НАТИНАМДС, како на пример, овозможување на соседните армии, една од друга да побараат помош во техника и персонал, а се разгледува и можноста да се менуваат при заштита на заедничкото небо, што би довело до финансиска и техничка заштеда.
Ново на Сител
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот
-
Трибина „Кочани е нашиот приоритет“
-
Децата во Македонија имаат 900 часови помалку од европските врсници
-
Владата започна со презентирање на оперативен план за активни програми и мерки за вработување низ општините