Чешка го отвори најдолгиот висечки мост во светот
– Страв и адреналин беа дел од чувствата на првите посетители по стапнувањето на најдолгиот висечки мост во светот, кој се протега над планинска долина во Чешка.
„Дојдовме овде затоа што го сакаме адреналинот“, рече планинарката Михаела Клестилова кога се приближуваше до мостот долг 721 метар, кој виси 95 метри над земјата на неговата највисока точка и беше отворен во петокот.
Мостот го доби името Скај Бриџ 721 (Sky Bridge 721), а изградбата, чија вредност е 200 милиони куни, траеше две години.
„За мене ова е одличен поглед“, рече Михал Хофирек, првиот посетител на мостот.
Се наоѓа на повеќе од 1.100 метри надморска височина и поврзува два планински сртови на североистокот на земјата, на 200 километри од Прага и во близина на границата со Полска.
Тој е подолг од мостот Арока во Португалија, кој е 516 метри, а претходно важеше за најдолг висечки мост.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација