Чешка: Европа би требало да ги разликува економските мигранти и останатите
Министрите за надворешни работи на Чешка Лубомир Заоралек и неговиот австриски колега Себастијан Курц заедно со гувернерите на пограничните региони на двете земји се состанаа во местото Валеч во југоисточниот дел на Чешка разговарајќи за актуелни регионални и меѓународни прашања, јави дописникот на МИА од Прага
- На европско ниво би требало да почнеме да дискутираме за строга поделба на т.н. економски мигранти од бегалците кои се вистински загрозени, изјави чешкиот гувернер на областа Височина Јиржи Бехоунек.
- Постојат информации дека се работи за голем бизнис на шверцерите кои доаѓаат во Европа транспортирајќи голем број на луѓе кои не се изложени на ризик. Би било добро ЕУ да почне да преговора и за обемот и финансирањето на социјалната заштита. Нееднаквостите доведоа до фактот дека некои земји им се поомилени на мигрантите, изјави Бехоунек.
Чешка, според него преку шефовите на дипломатиите на двете земји декларира дека обврзувачките квоти за примање на бегалци и натаму се неприфатливи.
- Добро е, дека заедно разговараме и за прашања кои не се предмет на консензус, рече Бехоунек оценувајќи дека односите меѓу Чешка и Австрија значително се подобрени и заради тоа што е почната соработка на регионално ниво.
Ново на Сител
-
Во Турција градоначалникот и неговиот возач убиени во престрелка, тројца се повредени
-
Во Кисела Вода со „фолксваген“ се забил во бетонски ѕид
-
И во наредните денови сончево време со студени утра
-
Неексплодирани бомби кашикари пронајдени на планинарска патека во Маврово
-
Четворица планинари загинаа во несреќи на италијанските Алпи
-
Сочувство од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан до Патријархот Српски г.г. Порфириј за настраданите во Нови Сад
-
Почина Оливера Николова - авторката на Зоки Поки
-
Санкционирани 144 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар