Свет
20. July 2024 - 9:32

Чешка: Дванаесет повредени во сообраќајка во која учествувало комбе со затворенички

Дванаесет лица се повредени во судир во Чешка меѓу комбе со затворенички и автомобил, јави ДПА.

Шест лица се здобиле со умерени до сериозни повреди, според портпаролот на локалната служба за итни случаи.

Во минибусот се превезувале 16 затворенички кои се превезувале на работното место надвор од затворот, како и возач и чувар.

Несреќата се случила на околу 80 километри западно од Прага. Во спасувачката акција биле вклучени седум возила на брза помош и еден хеликоптер.