Чернобил остана без струја, постои опасност од истекување на радиоактивни материи
Нуклеарната централа Чернобил, која е надвор од употреба по хаваријата во 1986 година, е целосно отсечена од енергетската мрежа и нејзините безбедносни системи не работат, објави денеска операторот „Укренерго“.
Нуклеарната централа е „целосно исклучена од системот за диструбуција на електрична енергија“, се вели во соопштението објавено на веб страницата на „Укренерго“, нагласувајќи дека поради воените операции „нема можност за обновување на електричните линии“.
Прекинот на струја, како што соопшти „Укренерго“ може да предизвика истекување на радиоактивни материи бидејќи не работи системот за ладење на истрошеното нуклеарно гориво.
Властите во Украина не ги знаат нивоата на радијација во нуклеарната централа Чернобил, бидејќи немаат информации што се случува таму откако беше окупирана од руски војници, изјави денеска министерот за енергетика Херман Халушченко. Тој рече и дека Украина исто така нема контрола врз она што се случува во окупираната нуклеарна централа Запорожје, каде, како што вели, се стационирани 400 руски војници.
Ново на Сител
-
Со скалпел го исекол на вратот и увото, обид за убиство на малолетник во тетовско
-
Вучевиќ: Во септември 2025 година првата класа на Војската на Србија од редовниот регрутен состав
-
Телото на Хасан Насрала е пронајдено, соопштија лекар и припадник на безбедносните сили
-
Во Кичево приведен бегалец од затвор, спроведен е за доиздржување на казната
-
МЗТ Скопје по седми пат го освои Суперкупот
-
Роналдо започна преговори со Ал-Наср за продолжување на договорот
-
Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, приведено едно лице
-
ИДФ: Во нападот во Бејрут убиен уште еден командант на Хезболах, Набил Каук