Челзи и Мудрик ќе соработуваат за да се утврди причината за позитивниот допинг тест на фудбалерот
Премиерлигашот Челзи попладнево се произнесе во врска со позитивниот допинг тест на украинскиот фудбалер за врска на тимот Михаил Мудрик.
За позитивниот допинг тест на 23-годишниот фудбалер стана познато претпладне. Во неговиот допинг тест „А“ е пронајдена забранета супстанција. Примерокот „Б“ се очекува да биде отворен во наредните денови. Доколку вториот тест е позитивен, играчот се соочува со четиригодишна дисквалификација.
-И клубот и Михаил целосно ја поддржуваат програмата за тестирање на Фудбалската асоцијација. Сите наши играчи, вклучувајќи го и Михаил, редовно се тестираат. Михаил категорично потврди дека никогаш свесно не користел забранети супстанции. Сега и Михаил и клубот ќе соработуваат со надлежните органи за да дознаат што го предизвикало позитивниот резултат од тестот. Клубот повеќе нема да дава дополнителни коментари, се вели во соопштението на лондончани.
Мудрик игра за Челзи од јануари 2023 година. Оваа сезона одигра 15 натпревари на кои постигна три гола и забележа пет асистенции.
Ново на Сител
-
Џејсон Кид стана косопственик на Евертон
-
Влаховиќ се повреди
-
Вардар 1961 во драматична завршница го совлада Еурофарм Пелистер
-
Федерер официјален стартер на трката 24 часа Ле Ман
-
Најмногу дожд во Крушево и Маврови Анови, времето денеска променливо облачно и нестабилно
-
САД и Јужна Кореја напредуваат кон договор за елиминирање на царините
-
Болоња против Милан за прв куп трофеј од 1974
-
Студенстки штафетен маратон на студенти до Брисел со цел да го привлечат вниманието на европските институции кон ситуацијата во државата