Чавушоглу: Без копнена операција не е можно да се победи ИД
Без копнена операција нема да е можна победа врз Исламска држава во Сирија изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервју за Си-Ен-Ен.
– Даваме поддршка на Слободната сириска армија во борбата против терористите и на секоја меѓународна средба нагласуваме дека без копнена операција таа терористичка организација не може да биде победена, изјави Чавушоглу.
Тој додаде дека Турција планира да го прочисти реонот на Манбиџ од ИД и да го претвори во зона на безбедност. Подоцна, истото би било направено во реонот на градот Ал Баб.
Чавушоглу изјави дека сирискиот град Рака и ирачкиот град Мосул се сметаат за главни упоришта на ИД и тие реони треба да се исчистат од терористи.
– Имаме еден непријател и треба заедно да дејствуваме против него. По операцијата во Џараблус се појави увереност дека ИД може да биде победена лесно. Ќе напоменам дека против 65 држави од коалицијата дејствуваат 30 илјади борци на ИД, изјави турскиот министер.
Ново на Сител
-
Две лица загинаа, 10 се водат како исчезнати во поплави во источна Кина
-
Во Србија ќе се формира тело од 10 членови за ревизија на избирачкиот список
-
30-годишник од Шутка ја принудувал петгодишната ќерка да питачи во Дебар
-
Едногодишно дете од Липковско се затруло со лекови
-
Малолетник повреден при пукање на семејна веселба во кичевско
-
Приведен 29-годишник од Кавадарци, управувал возило со 2,92 промили алкохол во крвта
-
Македонија и „Казанџи Холдинг АС“ со нов енергетски проект вреден милијарда евра
-
До сабота многу топло со температури над 40 степени