Чавков на манифестацијата „Летен хепенинг 2016“ во Сливница
Да се подигне свеста на посетителите на туристичките места за самозаштита од кражби, да се делува превентивно, како би се намалил бројот на кражби на вредни предмети на плажите, како и провални кражби од возила, камп-приколки и бунгалови во туристичките населби во Преспанскиот регион на Општина Ресен, како и зајакнување на довербата помеѓу полицијата и заедницата.
Ова е целта на проектот „Безбедно на нашите плажи“, нагласи министерот за внатрешни работи Митко Чавков, кој денеска на плажата „Конект“ во село Сливница на Преспанското Езеро присуствуваше на манифестацијата „Летен хепенинг 2016“.
Во поздравниот говор министерот Чавков меѓу другото истакна дека се предвидени и посети на сите останати излетнички места-плажи во преспанскиот регион каде ќе се реализираат средби со правните субјекти, средби со граѓаните на кои ќе им бидат поделени флаери и промотивен материјал за подобро и посликовито да се запознаат граѓаните-посетителите со превентивните активности на полициската станица од општа надлежност од Ресен, но во исто време и со превентивните активности на Отсекот за превенција од СВР Битола.
Според градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски, безбедноста на туристите и сите оние кои ќе ја посетат Преспа е од голема важност.
- Ваквата денешната акција која се однесува на безбедноста на граѓаните, летовалците и сите кои ќе ја посетат Преспа ќе има особено значење. Преспа е меѓугранично подрачје, кое особено во текот на летото е посетено од огромен број граѓани и сметам дека ваквите акции кои ги работиме заедно со Полициската станица во Ресен и МВР ќе имаат големо значење и придонес во зачувување на безбедноста, изјави градоначалникот Стрезовски.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка