Чамец со мигранти се преврте близу грчкиот остров Лезбос
Чамец кој превезувал мигранти се преврте денеска близу грчкиот грчкиот остров Лезбос, при што едно девојче се удави, а шест други лица се водат како исчезнати, соопштија грчките власти.
Крајбрежната стража го пронашла телото на девојчето во морето, а во акцијата се спасени четири лица. Во потрагата по исчезнатите мигранти учествуваат и патроли на Фронтекс.
Преживеаните велат дека во чамецот имало вкупно 11 луѓе, кои тргнале од турскиот брег за да стигнат до Лезбос. Чамецот се превртел пред самата нивна зацртана дестинација.
Островот е главна влезна точка за стотици илјади мигранти и бегалци чија крајна цел е западна Европа. Сепак, нивниот број секојдневно се намалува, поради договорот за нивно запирање меѓу ЕУ и Турција, потпишан во март годинава.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра