-->
-->
Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ им нуди помош на кумановските уметници кои ќе аплицираат за државна поддршка
-->
Кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ ги повика ликовните уметници, автори од областа на литературата и издаваштвото, како и музичките репродуктивци, да побараат поддршка од стручните тимови на Центарот за подготовка на проекти со кои ќе аплицираат до Министерството за култура за наредната година.
- Заинтересираните кои имаат проекти за 2019 година и планираат да ги реализираат во соработка со Центарот „Трајко Прокопиев“ - Куманово, можат со наше посредување во следниве десетина дена да аплицираат до Министерството за култура за Предлог - годишната програма за финансирање проекти од национален интерес, рече Роберт Цветковски од Центарот за култура.
Од оваа установа ги повикаа уметниците да се обратат во центарот или да добијат информации на телефонскиот број 031/415-099.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Два нови случаи на Ковид-19 во државава
-
Поднесена иницијатива за смена на Перо Антиќ
-
Отворена истражна постапка против лично обезбедување на премиерот, осомничен за „оддавање службена тајна“
-
Осум кандидати за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ги претставија нивните кандидатури
-
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за напади на енергетските капацитети
-
Горивата поскапуваат од еден до 1,5 денари за литар
-
ССМ: Борба за работнички права и достоинствени плати
-
Мицкоски: Нека е со среќа повисоки пензии