Центарот за детска заштита Кичево апелира до корисниците за обнова на документацијата
Во Центарот за детска заштита Кичево исплатата на детски додаток, родителски додаток, како и додатокот за деца со посебни потреби се извршува редовно и без задоцнување, информира координаторот на Центарот Садик Емроја. Тој упати апел до сите корисници на парични средства, што поскоро да извршат обнова на документацијата за да им биде овозможено правото на користење на овие средства за 2017 година.
- Доколку до 12 јануари корисниците не успеат навреме да ја обноват документацијата ќе го изгубат правото за користење на парични средства за 2017 година, истакна Емроја.
Во овој центар родителски додаток користат околу 460 корисници, бројка која, како што велат оттаму, бележи тренд на зголемување. Инаку, паричниот надоместок за оваа категорија е во износ од 8.362 денари.
Додаток за четврти родено дете земаат 20 корисници, во износ од 11.706 денари месечно. Ова право го користат само оние деца кои се родени до март 2010 година, по што со закон ова право е укинато.
Исто така, преку Центарот паричен надоместок земаат и децата со посебни потереби, вкупно 182, а средствата кои ги добиваат месечно се во износ од по 5.017 денари.
Ново на Сител
-
Кривични пријави за злоупотреба на постапката за доделување договор за превоз на ученици во Куманово
-
Шаја Лабјуф за кавгата со Алек Болдвин: Беше тензично на пробите
-
Малолетничка дала 25.000 евра на ученици кои ја уценувале дека ќе го претепаат нејзиниот брат доколку не им даде пари
-
Пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова на 13 мај
-
Фон дер Лајен: Ќе ја посетам Белата куќа кога ќе имаме пакет трговски договор
-
Наполи сака да го ангажира Де Брујне
-
Навики што создаваат јаз во врската
-
Русија на парадата на Црвениот плоштад ги претстави дроновите што ги употребува во војната во Украина