Центар ќе набави мобилна станица за мерење на аерозагадувањето
Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски имаше средба со еко-активистите Мерима Ебип и Владимир Ристески од здружението „Скопје смог аларм“ на која било разговарано за преземање конкретни мерки на краток и долг рок за намалување на загадувањето на воздухот.
Како што соопшти општина Центар, било договорено првата конкретна мерка да биде набавка на мобилна мерна станица од страна на општината, со која ќе се изврши точна анализа и ќе се утврдат главните извори на загадување на секоја поединечна локација. Во втората фаза добиените податоци ќе се користат за преземање мерки соодветни за секоја поединечна локација.
Овие мерки, како што се наведува во соопштението, ќе бидат дел од четиригодишната стратегија на општината за намалување на последиците од загадувањето и зачувување на животната средина.
- Сакаме активно да придонесеме во намалувањето на воздушното загадување. Задоволство ми е што имав прилика да поразговарам и да се посоветувам со луѓе кои се добро запознаени со состојбите. Средбата беше конструктивна и веќе договоривме конкретните мерки кои ќе ги спроведеме. Воедно, апелирам до надлежните министерства и градските власти да се вклучат активно во борбата против загадувањето. Состојбата е алармантна, здравјето на граѓаните е ставено под ризик и мора да се делува веднаш, вели Жерновски.
Општина Центар изминативе години, како што се наведува во сопштението, спроведе проекти за зачувување на животната средина, како што се садењето на 255 високо школувани нови дрвја, обновување на зеленилото со површина од 70.000 метри квадратни, поставување на нови енергетско-ефикасни фасади, спроведување на акцијата „Цел Центар на точак“ и други активности.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници