Македонија
30. јуни 2016 - 16:38

Центар ја реконструира улицата „Партениј Зографски"

Општина Центар започна со реконструкција на коловозот и тротоарите на улицата „Партение Зографски", на потег од булевар „Водњанска" до спојката со улица „Рилски конгрес" во должина од 470 метри.

Како што информираат од оштината, целосно се заменуваат оштетените павер елементи со нови бехатон плочки на тротоарот во должина од 600 метри. Се менуваат и рабниците и се поставуваат пристапни патеки за лицата со посебни потреби.