Бизнис
7. April 2024 - 16:35

Цените на храната во светот растат, ќе има ли поскапување кај нас?

Раст на цените на храната во светот, прв пат по 7 месечен пад, објави ФАО. Според Организацијата за храна на Обединетите  нации, порастот се должи на повисоките цени на маслото за 8% во март во споредба со претходниот месец, млечните производи за скоро 3 и месото за 1,7 отсто. Ова се должи на зголемената побарувачка, а помалата жетва, велат експертите. Можеби ќе следи благо зголемување на цената кај маслата, но сепак, сметаат дека се работи за моментален ефект

- Тешко е да се каже што ќе се случува во следните месеци. Можеби е само изолиран сезонски ефект сега во март, бидејќи да не заборавиме дека на страната на побарувачката во овој период има ефекти од празниците, значи католичкиот Велигден, Рамазан и православниот Велигден , изјави Марјан Петревски, универзитетски професор

Кај цените дома, не се очекува значително зголемување. Напротив, трендот на пад на инфалцијата, Петрески смета дека ќе продолжи и во следните месеци.

- Очекувам дека вкупниот тренд на инфлацијата ќе остане надолен. Очекувам дека годинава ќе ја завршиме со онаа проекција ко  ашто ја имаме од годинава, 3 до 3,5% и дека севкупно тенденцијата е моментално надолна, додава Петрески.

За да се спречи значителен пораст на цените на храната , по истекување на мерката гарантирани  цени,  во март Собранието го усвои законот на нефер трговски практики.  Владата скрои Правилник, со над 2.500 производи, чии маржи не треба да надминат 10 отсто. Ја прати на разгледување кај Коморите и им даде две недели да ја разгледаат, по што требаше  да стапи на сила.  Но и по еден месец, Правилникот се уште уште не е донесен.