Бизнис
28. October 2021 - 21:15

Цената на струјата ќе расте по Нова Година, за колку?

За околу 20 проценти раст на цената на струјата за домаќинствата очекуваат експертите по Нова Година. Иако од Владата велат дека никој не може да гарантира што ќе се случи со цената за два месеци, експертите се децидни дека раст на цената е неизбежен. Освен ако државата не ги преземе трошоците кои сега се трупаат за да се обезбедат недостатоците од струја, поради недоволното домашно производство.

Чаушевски вели за да нема рестицкии, потребно е да се преземе се и да се надокнадат недостатоците, затоа што не се знае до кога ќе не толерираат државте од енерегтскиот систем од каде црпиме големи количини струја.

За зголемување на домашното произвдоство ЕСМ увезува јаглен и за ТЕЦ Осломеј но и за третиот блок од РЕК,  а за 10 тина  дена ќе има и јавен повик за набавка и  на мазут за ТЕЦ Неготино. Од еколошките здруженија велат дека се свесни за лошата состојба со струјата,  но сметаат  дека во иднина мора јагленбот полека да се исфрли од употреба во спротивно сотојбата со загадувањето ќе биде уште  полоша.

Минатата година   само ТЕЦ Битола и ТЕЦ Осломеј имаат испуштено 3.684 тони ПМ честици – повеќе од двојно  од  тоа што е дозволено за нашата држава.

Мора итно да се реагира и што поскоро да се премине кој обновливи извори на енергија, особено сонце, ветер и биомаса - но не и хидроенергија. Мора да престанеме да бидеме зависни од јаглен и други фосилни горива. Само така ќе ги намалиме и аерозагадувањето и последиците од климатските промени, а со тоа ќе го заштитиме нашето здравје, велат од еколошкото здружение „GO GREEN“.

Стабилизација на состојбата во енергетскиос сеткор се очекува дури на средината од идната година.