Loading Video...
Свет
14. May 2021 - 19:42

Целосно вакцинираните Американци против Ковид-19 се збогуваат од маските

Целосно вакцинираните Американци против Ковид-19 повеќе не мора да носат маски во затворено, со исклучок во автобуси, авиони и болници.

За нив веќе нема да важи  ниту правилото за држење социјална дистанца, одлучи Центарот за контрола и превенција на болести.

„Правилото сега е просто: Вакцинирајте се или носете маска додека не го направите тоа. Изборот е ваш“, твитна американскиот претседател Џо Бајден, кој е во групата на целосно вакцинираните американски граѓани.