Целосно изгаснат пожарот во Струшко
Целосно е изгаснат пожарот што вчера попладне избувна во шумскиот предел меѓу струшките села Делогожда и Поум, информира командирот на Противпожарната единица во Струга Минир Мамуди.
Тој посочи дека нивни екипи остануваат на терен да направат проверка на целата опожарена територија за евентуални жаришта.
- Пожарот е целосно изгаснат. Во моментот се прави контрола на целиот терен. Причинета е голема материјална штета, опожарени се над 30 хектари борова шума, изјави Мамуди.
Во гасењето на огнената стихија која била регистрирана вчера околу 15 часот, покрај струшките пожарникари учествуваа и нивните колеги од Охрид, Кичево, Битола и Ресен, екипи на јавното претпријатие „Јабланица“, Дирекцијата за заштита и спасува и локалното население.
Утрово беа вклучени и два специјални авиони за гаснење пожари „Канадери“ на Дирекцијата за заштита и спасување, кои помогнаа во локалнизирање на огнената стихија, која претставувала опасност да се прошири кон населените места.
Ново на Сител
-
Потребна е поголема поддршка на жените земјоделки
-
30 ромски семејства кои престојуваа во населбата „Прилепска“ во Кичево добија социјални станови
-
Литургија по повод 25 години од востоличувањето на г.г Стефан за поглавар на МПЦ-ОА
-
Преглед на вестите од светот
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите