-->
-->
Целосна трансформација: Брадестиот војник сега е вистинска русокоса
-->
Некогашниот американски маринец Матју Аведиан , како што вели, целиот живот бегал од својот вистински идентитет.Откако решил повеќе да не живее во лага, го прменил полот и од брадест војник со 108 килограми станал слаба русокоса.
Некогаш Метју, а денес Сона Аведиан (33), вели дека целиот живот ја угнетувал својата вистинска личност и тоа така што одел на опасни мисии во Ирак и Авганистан. Во еден момент, Метју дури и се оженил, но 2012 година била клучна за неговата трансформација.
Метју ослабел 50 килограми, се издепилирал и ласерски ги отргнал влакната на лицето, а на крајот вградил силиконски гради. Разликата била неверојатна.
Иако многу мислат дека Метју го живее „американскиот сон“ имајќи добро платена работа, автомобил, куќа, сопруга и дете, тој тврди некогашниот живот го правел депресивен и цело време како да не можел да ја пополни таа празнина која ја осеќал.
Шест воени интервенции во Ирак и Авганистан кои ги поминал како маринец биле само начин да се сокрие од себе и од својот винстински идентитет. Се што сакал е да се одсели од Детроит каде бил многу несреќен. 2012 година, Метју решил да им каже на пријателите и семејството дека сака да го продолжи животот како жена.

Неговата сопруга Луси била во шок, а парот денес е разведен.
-Откако режив да бидам искрена и да живеам нормален живот каков што сакам, знаев дека ме чекаат добри и лоши времиња. Некои работи ми недостасуваат. Изгубив многу пријатели, но упознав многу нови луѓе. Го живеев „американскиот сон“., но сега кога ги гледам своите фотографии од тој период не ни знам која е таа личност. Тоа е толку депримирачко. Многу сум среќна, повеќе не се борам сама со себе. И понатаму сум помалку маженствена, но конечно се сакам себе си и можам нормално да живеам, изјави Сона за Дејли меил.

Иако бракот со поранешната сопруга одамна е завршен, сона тврди дека и понатаму е во добри односи со својата петгодишна ќерка.
- Мојата ќерка и ја сме супер, таа обожава а го поминува времето со мене. Та не се сеќава на мене како машко и сакам дека имаме одличен однос, многу ме потсетува на мене. Иако има само пет години, таа е многу инетелигнетна. Ние разговараме како возрасни и се трудам да и објаснам за се околу мене што подобро, додаде Сона.
Војничките денови сега се оставени позади Сона, која сега работи како возач на една курирска служба. Освен тоа, има и свој Јутуб канал кој е многу популарен и Фејсбук страница каде редовно испраќа пораки како поддршка на оние кои сакаат да одлучат на ист ческор. Сона моментално е слободна, но вели дека запознала многу фини момци во тексас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апелација ја уважи жалбата на Асмир Јахоски, прифатена гаранцијата во пари и имот и определени мерки за претпазливост
-
Обвинение против 10 лица за злоупотреби во РЕК Битола, направиле имотна штета во износ од 178.370.319 денари
-
Мерц попладнево ќе се соочи со второ гласање по неуспешниот прв обид да стане канцелар
-
Брат (7) со автомобил прегазил 10-годишна сестра во крушевско
-
Уапсени две 18-годишни лица и еден малолетник, извршиле повеќе тешки кражби во Битола
-
Затворски полицајци во Штип нападнати откако затекнале затвореник со мобилен
-
Судењето на возачот кој ја усмрти Фросина Кулакова започнува во петок
-
Аудиција за Ѕвездите на Гранд на 19 мај во 12 часот во Сител Телевизија