Цехте пред дуелот со Алборг: Веруваме во прва победа во ЛШ
Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер со оптимизам го очекуваат утрешниот дуел против Алборг во рамки на претпоследното коло во групата А во Лигата на шампиони.
Десниот бек на битолскиот состав Нејц Цехте денеска во изјава за клупскиот сајт истакна дека Еурофарм Пелистер е подготвен да ја забележи првата победа во групната фаза.
„Едвај го чекаме натпреварот. Тоа ќе биде празник за ракометот и можност да покажеме дека можеме да се носиме со најдобрите. Посакуваме победа и верувам дека можеме во среда да дојдеме до неа“, изјави Цехте.
На две кола до крајот на групната фаза Еурофарм Пелистер е последнопласиран без бодови, а на првиот дуел против Алборг македонскиот тим загуби убедливо со 38-23.
„Првиот меч дозволивме да влеземе во нивниот ритам, но овојпат нема да биде така. Ќе видат како е да се игра пред вистинска публика. Тоа не им и познато, стилот на навивање е целосно различен, па тоа мислам дека ќе биде нашиот адут“, порача Цехте.
Дуелот е на програмата утревечер со почеток во 20:45 часот во салата „Боро Чурлески“.
Ново на Сител
-
Тројцата обвинети за минатогодишниот напад во Бањска во северно Косово се изјаснија за невини
-
Орбан: ЕУ мора да се промени, целта на унгарското претседателство е да биде гласот на промените
-
ОН: Невозможно е да се задоволат потребите на 1,2 милиони раселени Либанци
-
ОН: Невозможно е да се задоволат потребите на 1,2 милиони раселени Либанци
-
Руската армија тврди дека соборила 47 украински дронови
-
Ураганот „Кирк“ пристигнува во Европа
-
Димитриеска-Кочоска: Го официјализиравме првиот дел од Договорот за заем, почнавме разговори за вториот дел од 500 милиони евра
-
Во Реал убедени дека Винисиус ќе ја добие Златната топка