Цеца се спрема за слава, ќерка и утрово беше на литургија
Анастасија Ражнатовиќ, ќерка на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, со пријателките го посети манастирот Покров на Пресвета Богородица, каде зела света водичка која ја донела дома за здравје на домашните.
Анастасија на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија со пријателките од манастирот на која се гледа дека го испочитувале кодексот за однесување во храмот, па дошле пристојно облечени и ставиле марамии на главите.
Очигледно Анастасија љубовта кон духовните работи ја наследила од Цеца, која е позната како една од ретките јавни личности кои за Божиќ и сите поголеми празници одат на литургија.
Семејството ражнатовиќ во понеделник ја слави една од најголемите православни слави Свети Никола.
Цеца и овој Свети Никола ќе го прослави во друштво на бројни гости од јавниот живот.
Ново на Сител
-
Владата ги објави деталите од оперативниот план за вработување тежок 40 милиони евра
-
Земјоделците се повеќе се заинтересирани за добивање на државно земјоделско земјиште под концесија
-
Преглед на вестите од светот
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Ратификацијата на договорот со Британија пред пратениците
-
Изборот на гувернер заглави во Собранието