Царовска: Жените просветителки ја создаваа државата, жените просветителки ја градат иднината
Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска се сретна со универзитетската професорка во пензија д-р Јелица Николовска и разговараше за улогата на жените просветителки во градењето на државата.
– Осми март не потсетува на сите генерации жени кои се бореа за демократско општество и за општество еднакво за сите. Овој ден го одбележуваме со потсетување на генерациите просветителки кои нештедливо се вградуваа себе си во образование на секое момче и девојче. Нивните непоколебливи заложби за родова еднаквост, за солидарност и за право на еднакво образование за сите граѓани, се потсетување, но и патоказ за сегашните генерации, рече Царовска.
Како што соопшти Министерството за образование и наука, министерката Царовска порача дека борбата за еднакви можности ја продолжуваме и денес. Промените, нагласи Царовска, ги правиме од основата,затоа клучен предизвик пред нас се реформите во основното образование кои значат вложување во идни генерации, кои треба да растат со вредностите на родова еднаквост, солидарност и ненасилство.
Професорката Николовска рече дека за да има напредок во учителството, наставниците практичари треба да имаат значајно место во истражувањата и врз основа на тие сознанија да се гради теоријата.
Николовска била учителка во село, воспитувач, професорка во Учителската школа, во Гимназијата и во Музичкото училипште во Штип, била професорка на педагошките академии во Скопје и Штип и на Педагошкиот факултет во Скопје. Објавила над 200 библиографски единици. Преку плодната долгогодишна наставна активност, методичко-педагошко творештво и учество во бројни проекти, Николовска е вистински пример на просветителка која преку постојаните активности придонесува за родова еднаквост и за унапредување на правата на жените во земјава. Водела бројни проекти каде се сумирале резултатите кои македонското образование и учителство низ децении ги постигнува, и тие се публикувани во зборници.
Ново на Сител
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп
-
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана