Македонија
20. April 2021 - 20:28

Царовска тврди дека реформите во образованието се неопходни

Учениците од четврто одделение ќе бидат првите кои од следната учебна година ќе учат од дигитални учебници, рече министерката за образование. Учењето пред екран ќе се одвива постепено, а предноста од комбинираниот модел според неа е што децата кои не можат да учат електронски, ќе се образуваат преку печатени учебници.

Во однос на тоа што децата ќе треба да поминуваат време плус пред екран, Царовска вели дека целта е вниманието да се насочи на продуктивно користење на електронските уреди.

И покрај рекациите дека овој пристап  на учење ќе биде  дикриминирачки, министерката посочи дека добро и е позната социјалната ситуација во државава, а за тоа говорел и фактот што 1300 ученици немаат дома струја, но како земја во развој неопходно било да се направи чекор напред кон подобро образование.