Царовска: Родителите да си бараат таблет од училиштата
Министерката за образование и наука Мила Царовска во Тема на денот на Сител Телевизија истакна дека таблети во министерството има и дека родителите се тие кои треба да си побараат таблет од наставниците или од училиштата.
- Министерството испечати 20 проценти од вкупниот број на учебници и ги дистрибуираше до секое школо согласно бројот на ученици што значи дека наставниците во училишните библиотеки веќе имаат учебници кои што се печатени. Родителите не треба да ги печатат. Но главно, дигиталните учебници треба да се користат како дигитални секаде каде што има можност затоа што квалитетот на учебник кој е дигитален и целта што треба да ја постигне никако не може да се постигне со печатен учебник.
Царовска потенцираше родителите да бидат тие кои што ќе бараат од наставниците или од училиштата кои немаат дигитални уреди да ги набават.
- Во министерството имаме на располагање и таблети. Родителите да си бараат таблет и да го посочуваат и мотивираат ученикот да го користи дигиталниот учебник затоа што таму има содржина која што ќе му даде можност да истражува, да решава квизови и сето тоа во интерес на учењето, рече Царовска.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи