Царовска: Предметите историја и географија се споиви еден со друг
Потрени се промени веднаш во образовниот систем, вели министерката за образование, Мила Царовска во интервјуто во Дневникот на Сител. Според неа, развојот на образованието не треба да застане, туку треба да се развива согласно времето.
-Од некаде треба да почнеме. И тоа значи дека ова е само почеток. Ние не велиме дека во цела деветолетка го воведуваме ова. Новата концепција се однесува на прво и на шесто одделение, рече Царовска.
Во однос на реакциите од страна на наставниците кои ги предаваат предметите историја и географија, министерката вели дека тие се споиви еден со друг.
-Апсолутно се споиви предметите. Ниту ќе бидеме прва, ниту ќе бидеме последна земја која што го прави. Во САД, во Европа, во Австралија, во Македонија, во приватните училишта го имаме овој модел и тој е секаде во светот воспоставен. Ние го адаптираме на нашиот контекст, на нашите потреби и на нашите можности. За да стартуваме од некаде. Секако дека подобрувања ќе требаат. Секако дека доадаптирање ќе треба, но луѓето кои што се вклучени апсолутно веруваат во ова, и тоа е група од 13 луѓе кои интензивно работат, вели Царовска, додавајќи во оваа група вклучени се луѓе од природните и општествените науки и академски професори.
Според неа, со новиот модел за првпат во образованието ќе се гледаат резултатите од учењето.
-Нашите национални стандарди се основата за новата концепција. И тоа е дека секое дете кое ќе излезе од деветолетка треба да постигне одредена јазична писменост, треба да има користење на друг јазик, треба да има математика, природни науки и технологија, дигитална писменост, личен социјалне развој, демократска култура и граѓанство, претприемништво и уметничко изразување и култура. Ова се национални стандарди кое што секое дете ќе треба да ги има во моментот кога ќе излезе од деветолетка. Отткука создаваме групирање на основни предмети, за да можеме да ги постигнеме овие подрачја или овие компетенции, вели Царовска.
Појаснува дека ќе има неколку основни предмети кои ќе ги имаат сите деца. Такви се мајчиниот јазик, математика, природни, општествени, втор изборен јазик, техника и технологија, уметничко образование и физичко образование.
-Но секој ученик за да може да го постигнеме неговиот основен потенцијал кој што го има во себе. Образованието не смее да биде креирано за сите подеднакво, зашто не се сите деца со ист интерес и ист потенцијал. Имаме можност два изборни предмети во текот на годината, еден во прво полугодие, еден во второ полугодие, вели Царовска.
Ново на Сител
-
Екстремната десница извоjува историска победа во првиот круг од парламентарните избори во Франција
-
Многу топло со температура до 39 степени, од утре дожд
-
По 30 минути се чека на „Табановце“ и „Богородица“
-
Аврамовска Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто
-
Деспотовски најави приговори за изборите за претседател на СДСМ
-
За ниедни пари не би пеела за партија | Лара Иванова | ПРОфесија | Sitel Podcast 049
-
Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори
-
Гувернерот на Истанбул ја забрани Парадата на гордоста, го затвори центарот на градот