Македонија
17. August 2021 - 20:03

Царовска: Новата учебна година почнува со физичко присуство - учениците и наставниците ќе носат маски

Настава со  физичко присуство се додека дозволува епидемиолошката состојба.   Министерката Царовска уверува – подготвени сме за  старт на учебната година., зато што нема подобро образование од тоа со физичко присутсво, со почитување на мерките и прокололите.  Доколку некој ученик е Ковид позитивен,   епидемиолозите на лице место ќе одлучуваат дали само тој, неколку ученици или пак цел клас ќе одат во изолација

Редовно миење раце, дезинфекција на просториите 2 пати дневно, дистанца , но и носење маска се дел од Протоколите кои мора да се почитуваат. Царовска е уверена дека неколку часа дневно под маска, нема да им биде  проблем на учениците

Загрижувачки податоци за следењето он лајн  настава објави Меѓаши. 5% од учениците воопшто  немале пристап до компјутер, една третина го делеле компјутерот со друг член од  семејството, но голем дел доживеале и сајбер, дигитало  насилство

37% од  учениците во основмо училиште и 66% од средните школи изјавиле дека имале дигитално насилство. Кога ги прашавме што значи тоа, ни кажаа дека имало вибер групи со ученици од клас, каде не ги примале сите или пак им се потсмевале на учениците  како изгледа нивниот дом,  изјави универзитетската проферосрка Софија Арнаудова.

Во моментов 62% од наставниот кадар е вакциниран, но очекувања се дека до септември бројката на вакцинирани вработени во училиштатта ќе достогне 80 отсто.