Царовска-Мужниекс: Унапредувањето на човековите права клучен приоритет на оваа Влада
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска одржа средба со Нилс Мужниекс, комесар за човекови права на Советот на Европа, во рамките на неговата работна посета на РМ.
Министерката го информираше комесарот за актуелните процеси и активности на министерството, кои што ќе ја подобрат состојбата со почитувањето на човековите права во земјава.
Во однос на Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој е веќе доставен до Венецијанската комисија, министерката истакна дека суштинските промени ќе се случат со професионализација на Kомисијата. Во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе бидат вклучени лица со долгогодишно искуство на полето на човековите права и со тоа ќе биде независна во одлучувањето и поефикасна во својата работа, соопшти МТСП.
Посебен акцент беше ставен на проблемот со вклучување на голем број ромски деца во специјални училишта, иако не се лица со попреченост. Заедно со Ромскиот образовен форум се спроведуваат активности за нивно вклучување во редовниот образовен процес. Исто така, беше посочено дека МТСП креира мерки за вклучување на пазарот на труд и достапно образование, како клучни сегменти кои овозможуваат вистинска инклузија на Ромите во општеството.
Во однос на лицата без документи, од кои најголем дел се Роми, беше укажано дека Владата интензивно работи на конечно решавање на овој долгогодишен проблем и во таа насока се подготвуваат и неопходните законски измени.
Мужниекс се информира и за процесот на деинституционализација, односно трансформацијата на големите институции за згрижување лица, со оглед на тоа што во дел од овие институции години наназад се констатира кршење на човековите права. Соодветната стратегија ќе биде усвоена наскоро, а паралелно се работи на промена во функционирањето на дневните центри за лица со попреченост, обезбедување локации за мали групни домови, како и развивање на систем на услуги на локално ниво во соработка со општините.
Ново на Сител
-
Двајца ранети во оружен инцидент во село Арачиново
-
Десингерица или Слаткар | DJ Mats | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 067
-
Анкета на ИПСОС: Граѓаните имаат најголема доверба во Мицкоски
-
СВР Скопје расчисти кривично дело обид за убиство
-
АХВ: Од 41 дом за стари лица, 14 не биле регистрирани како оператори со храна
-
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност одржа средба со студенти од Филозофскиот факултет
-
Најмалку осум жртви откако се урна настрешница на железничката станица во Нови Сад
-
Рокас: Се надевам дека сите политички страни во земјата ќе се обединат и ќе преземат решителен чекор нанапред