Македонија
22. January 2019 - 12:04

Царовска: Лицата со попреченост мора да ги остварат своите права како и сите други граѓани

Македонија има направено добри чекори напред во унапредување на правата на лицата со попреченост, особено во делот на деинституционализацијата, но останува уште многу да се направи пред се во обезбедување на можности за вработување на овие лица со искористување на нивниот потенцијал, за рана детекција кај децата и вклучување во образовниот систем, како и изработка на регистар на лица со попреченост преку вкрстување за креирање уште подобри политики.

Ова се дел од ставовите на учесниците кои се обратија на почетокот на тридневната обука „Промена на парадигмата и придонес кон прифаќање на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост“ во организација на агенциите на Обединетите нации и МТСП.

-Сите институции заедно со граѓанскиот сектор поинтензивно да работат на имплементација на самата Конвенција, која е документ што Македонија го ратификувала, но досега не се работело доволно на ова прашање. Ние како Влада имаме цврта заложба  дека лицата со попреченост мора да ги остварат своите граѓански права како и сите други граѓани во државата. Токму затоа сите институции треба да го дадат максимумот во имлементацијата на овој документ, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Потсети дека досега ги остраниле сите административни бариери за остварување на правата, оти ја зголемиле паричната поддршка, како и дека дополнително се воведуваат услуги на локално ниво за да може да овие лица поленсо ги остваруваат правата и да се зголеми квалитетот на живеење. Според неа, особен напредок е постигнат во процесот на деинституционализација и затворање на гломазните институции. Притоа потенцира дека до 2020 Заводот во Демир Капија треба да биде трансформиран во нов концепт за поддржка и живеење во локалната заедница за овие лица.

Постојаниот координатор на ОН и преставник на УНИЦЕФ во Македонија Бенџамин Перкс, вели дека е особено важно да се обучат и граѓанските организации, но и владините институции за да можат да дадат поголема поддршка на лицата со попреченост со цел да им се овозможи достоинствен живот и квалитетен живот.

– Постигнат е добар прогрес, но, има уште многу да се направи. Сакаме да видиме општество во кое возрасните лица со попреченост ќе можат да се вработат и да ги реализираат своите потенцијали, и да живеат достоинствено во заедницата, а не во институција. Потребна е и рана детекција на попреченост и вклучување на сите деца во предушилишното образование.

Во Македонија нема регистар за лица со попреченост, но Царовска истакна дека се работи на поврзување на системите на здравство, образование и социјала, за да се види статистика на сите луѓе кои се едидентирани во ситемот, дали со здравствено осигурување, дали добиваат помош од МТСП или се вклучени во образование. Со тоа, рече, ќе добиеме првична бројка. Според светските статистики пак, како што појани Перкс, 10 проценти од возрасните и пет проценти од децата имаат некаков вид попреченост.