Царовска: Го слушаме гласот на децата и вложуваме во нив
Министерството за образование и наука посветено работи на создавање на поквалитетно и достапно образование за секое дете, истакнува министерката Мила Царовска во видео обраќање со кое го честиташе Меѓународниот ден на детето – 20 ноември.
– Денеска кога го одбележуваме Меѓународниот ден на детето сакам да напоменам дека имаме една и единствена цел – да обезбедиме образование кое ќе овозможи на нашите деца, ученици и ученички да пораснат во граѓани и граѓанки кои научиле да ги употребуваат знаењата за личен и општествен развој. Во таа насока се и реформите кои подразбираат подобрување на условите за настава во училиштата, но и нови наставни програми, засновани на развој на критичко размислување и на вредности, како што почитување на човековите права, толеранција, мултикултурализам и еднаквост, рече Царовска.
Министерката вели дека пандемијата ни наметна многу предизвици, но МОН презема конкретни чекори со кои ќе се спречи застој и уназадување на образовниот систем, но и ќе се заштити менталното здравје на учениците.
– Свесна сум дека сите минуваме низ исклучително тежок период во пандемија, поради што МОН посветено работи на зајакнување на стручните служби во училиштата да одговорат на вашите барања за заштита на менталното здравје. Вложуваме максимални напори за континуитет училиштата да останат безбедни и отворени, рече Царовска
Истакна дека е среќна што започна имплементација на реформските процеси во основното образование и со тоа се забрза модернизацијата на образовниот систем.
– Го слушаме гласот на децата и се трудиме да изградиме инклузивно и квалитетно образование. Вложуваме во младите, вложуваме во наука и создаваме цврста основа на општество кое се грижи за сите и општество на економски раст и развој. Честит да е 20 ноември – Меѓународниот ден на детето. Останете здрави и безбедни во училиштата и не се откажувајте од вашите соништа!”, вели Царовска во честитката по повод Меѓународниот ден на детето – 20 ноември.
Ново на Сител
-
ЈП „Комунална хигиена“: Масовно непрописно исфрлање отпад во близина на контејнерите во Скопје
-
Активен пожар во Негорци, регистрирани 15 пожари на отворено во изминатото деноноќие
-
198 санкционирани возачи во текот на изминатиот викенд на подрачје на СВР Битола, 84 за брзо возење
-
Тешко повредено едно лице, откако возило излетало на железничка пруга
-
Англија со победа го започна ЕП – Белингем и пресуди на Србија
-
Комплетиран предлог составот на новата влада, гласањето најавено за 22 и 23 јуни
-
Американски турист пронајден мртов на остров во близина на Крф, исчезнаа уште тројца туристи
-
Шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа