Македонија
12. May 2021 - 20:13

Царовска без конкретен одговор дали ќе се сретне со родителите кои најавуваат протест против воведувањето на дигиталните учебници

Министерката Царовска без конкретен одговор дали ќе се сретне со родителите кои најавуваат протест против воведувањето на дигиталните учебници. Ги знае барањата на родителите бидејќи се  доставени до Министерството, а веќе била остварена и средба на која речиси и да не се разговарало за дигитализацијата, туку за родовата рамноправност во образованието. 

,,Барањата од групата на родители ги доставија до министерството, имаше остварено средба на која што за дигитализација речиси и да не се зборуваше. Се зборуваше за укинување на родова рамноправност во образовниот систем што е гарантирано право по закон и ние во образованието мора да ги учиме учениците по овие прашаеа, инаку протестите се легитимни, но сепак реформите продолжуваат во интерес на учениците и во интерес на нашата држава, вели Мила Царовска - министер за образование и наука.

Здружени во иницијативата, учебници и настава мора да има, родителите кои се против воведување на дигитални учебници за в сабота најавија протести бидејќи Министерството за образование не им го прифатило барањето за повлекување на законот. Освен протестниот марш во Скопје, според најавите протести ќе се има и во други градови низ државата.