Царинските службеници запленија 12,5 кг дрога
Царинските службеници од Одделението за оперативни работи во соработка со полициски службеници на граничниот премин Табановце, вчера во автомобил со германски регистарски ознаки запленија околу 12,5 килограми марихуана.
Царинската управа информира дека синоќа околу 22:00 часот на граничниот премин Табановце на излез од Република Македонија е запрен автомобил со германски регистарски ознаки, управуван од лицето Е. Д. Р. косовски државјанин, со кое патувало уште едно лице - германски државјанин. При контрола на возилото со царинско куче, на повеќе места (фабрички шуплини) беа пронајдени вкупно 40 опаковки обвиткани со најлонска фолија, наполнети со зелена тревкаста материја, за која по извршената проверка со тестер за дрога се добиени индикации дека се работи за марихуана, со тежина од околу 12,5 килограми.
Од спроведената предистражна постапка, од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Царинска управа на РМ се собрани докази кои укажуваат дека осомиченото лице требало марихуаната да ја пренесе од Косово во Германија.
По комплетирање на сите докази, Царинската управа против сторителот ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а сторителот ќе биде предаден на надлежен судија на претходна постапка.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци