Царинска управа: Соработката со деловната заедница подразбира континуитет и посветеност
Редовни консултации со бизнис заедницата се клучни за размена на меѓусебни мислења, а со цел успешност на активностите што ги спроведува Царинската управа, како и постигнување подобри резултати, истакна директорот на Управата Бобан Николовски на денешниот состанок со членовите на Советодавното тело.
Како што информираат од Царинската управа, по реактивирање на Советодавното тело, во кое покрај Царинската управа членуваат Стопанските комори, асоцијациите и здруженијата денеска се одржал вториот состанок на кој присутуните го усвоиле новиот Деловник за работа, кој е во насока на унапредување на меѓусебната координација и системски пристап кон прашањата од заеднички интерес поврзани со царинските процедури.
- На претставниците на деловната заедница им беа презентирани и клучните активности од донесената Стратегија за развој на Царинската управа и Акциониот план за 2025 - 2027 година преку бројните проекти во рамки на стратешките приоритети, со кои се поддржуваат реформските процеси во насока на олеснување на трговијата и управувањето со граничните премини, се вели во соопштението.
За време на состанокот од членките на Советодавното тело била поздравена успешната имплементација и ставање во функција на новиот транзитен систем НКТС фаза 5, кој е целосно усогласен со функционалностите според новите законски барања од Конвенцијата за заедничка транзитна постапка.
Директорот Николовски ја поздравил успешната и конструктивна дискусија, на која од сите членки на Советодавното тело беше заклучено дека продолжува соработката на оперативно ниво за сите отворени прашања од економските оператори поврзани со царинското работење.
Ново на Сител
-
Мицкоски е потврден говорник на годишната Конференција на конзервативците во Вашингтон | ВИДЕО
-
Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“
-
Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, најави министерката за образование Јаневска
-
МЖСПП: Милион евра грант од Шпанија за Охридското Езеро
-
Платформата на “СКОПСКО” продолжува со својата мисија за заштита на нашите природни богатства