Македонија
3. May 2018 - 16:36

Царината заплени 130 кг. марихуана, кај албански државјанин, вредна 400 илјади евра

130 килограми марихуана, која на наркодилерите тербала да им донесе заработка околу 400 илјади евра, била запленета на граничниот премин Богородица. Дрогата била откриена во товарно возило, управувано од 37 годишен државјанин на Албанија, кој пријавил дека возилото е празно, и дека патува за Турција, каде што треба да утовари стока.

Цариниците се одлучиле на детална контрола на возилото, откако утврдиле дека времето на задржување на камионот во нашата земја, било подолго од вообичаеното време потребно за транспорт.

Ова е втор голем случај на заплена на дрога годинава, откако во јануари, на истиот граничен премин, на влез во Македонија, запленети беа 310 килограми марихуана.